Костадинов за Мицкоски: Патолошки лажго

Мицкоски го лажеше Борисов дека докторирал во Италија, магистрирал во Германија, пишува денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, нарекувајќи го лидерот на опозицијата „патолошки лажго“.

Ова доаѓа по средбата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ со бугарскиот премиер Бојко Борисов, на состанокот на Европските народни партии во Загреб.

„Заборавил дека постои веб платформа на машинскиот факултет, каде јасно се гледа дека Мицкоски дипломирал, магистрирал и докторирал на машинскиот факултет во Скопје“, посочува портпаролот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e