Костадинов: Парламентарното мнозинство е стабилно, нов дебакл на Мицкоски и антинародното ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката СДСМ од Парламентот денеска порача дека со вчерашното гласање на доверба на Владата „се распадна уште една голема и долго повторувана лага на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски“.

– Ја расчистивме маглата, се утврди реалноста и со сигурнот победи вистината. Владејачкото мнозинство е стабилно со тенденција да се зголемува во наредниот период. Северна Македонија има стабилна власт, но со сигурност има разнишана опозиција, изјави пратеникот Костадин Костадинов.

Толку, според него, беа лагите на „Мицкоски дека имале мнозинство во Собранието, дека оваа Влада само што не паднала“.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера избегаа од салата. Ова е изгласана доверба на Владата без ниту еден глас против. Антидржавното ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски доживеа дебакл. Како меур од сапуница пукнаа нивните лаги со кои со месеци ги замајуваа граѓаните, рече Костадинов.

Костадинов смета дека со сигурност ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.

-Мицкоски проблемите и фрустрациите може да си гир ешава исклучиво внатре во белата палата, но не на грбот на граѓаните, преку блокади на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да покажат доблест после овој пораз и да почнат да работат во интерес на сите граѓани. Се уште имаат анси да научат важна лекција дека со опструкции, со блокади и со кочења не се доаѓа на власт, рече Костадинов.

Пратеникот на владејачката СДСМ истакна дека со пратениците од опозоцијата или без нив тие ќе продолжат да носат закони во интерес на граѓаните. ев/са/

2021-03-04 12:13:19, од Елизабета Велјановска-Најдеска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e