Костадинов: Јавно е позната вмешаноста на Мицкоски во бизнисите со хидроцентрали на штета на граѓаните, тој е најнеспособнот директор на АД ЕЛЕМ

Како што е познато во јавноста, многу е голема веројатноста дека Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали на грбот на граѓаните.Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани имат загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме сите ние граѓаните.Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани. – порача денес на прес-конференција, Костадин Костадинов портпарол и пратеник од СДСМ

За четири години, за годините 2016, 2017, 2018 и 2019 хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари.

На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година. – рече Костадинов.

Христијан Мицкоски останува запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, но останува запаметен и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која носеше погубни енергетски политики преку кои цената на струјата се зголеми за 100 отсто, беше укината евтината дневна тарифа, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.

Лицемерна и лажна е загриженоста на Мицкоски за цената на струјата. Тој, освен за богатење на грбот на народот и за одбрана на криминалот, не се грижи за ништо друго.Проѕирни се неговите лаги и манипулациите, граѓаните одамна не му веруваат. Затоа е во опозиција и затоа уште долго останува таму.-заклучи Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e