Контрола во слаткарница откако дете се загушило од торта

Откако вчера загрижен родител поднел претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство, за појава на гушење кај неговото дете откако изело торта купена во скопска слаткарница, денеска беше спроведена детална инспекциска контрола.

Според наводите во претставката, информираат од АХВ, до гушење на детето дошло поради присуство на парчиња стиропор во тортата.

„Резултатите од направената контрола од страна на инспекторите за храна, по поднесената претставка од потрошувачот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги добие најрано во текот на утрешниот ден“, стои во соопштението од АХВ.

Извор Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e