Конституиран новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година

На седницата на Советот за рамномерен регионален развој, што се одржа синоќа, а со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, е конституиран новиот состав на Советот, усогласен со измените и дополните на Законот за РРР.

Со измените на Законот, предидено е нови членови на Советот да бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерката за образование и наука Мила Царовска. Членови на советот се и министерот за локална самоуправа, Горан Милески, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, директорот на Бирото за рефионален развој, Рамиз Реџепи, како и осумте градоначалници, претседатели на осумте плански региони во Северна Македонија.

На седницата, како што денеска соопштија од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Битиќи,новиот состав ја усвоил и Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, која е во вредност од 440 милиони денари, а се задолжи и Бирото за регионален развој да подготви среднорочна, тригодишна програма за РРР.

Советот го задолжил Бирото за регионален развој да распише јавен повик за за поддршка на регионите и општините преку проекти за развој на специфични подрачја, села и урбани средини во вредност од околу три милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e