Со потписот на последниот петти член Љуљзим Хазири се комплетираше привремената комисија за мониторинг на медиуми.
Ад-хок телото со консензус постигна согласност за неговиот избор откако неговата кандидатура беше договорена на состанокот на лидерите на партиите.
Долгогодишниот новинар и граѓански активист Љуљзим Хазири не знае кој го предложил. Предлогот до него вели стигнал преку неговите колеги во невладината организација во која работи.
Ад хок телото утре ќе се сретне и утре за да донесе деловник за работа и да почне да ги разгледува извештаите од мониторингот што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми.
Мониторингот на програмата на телевизиите и радио-дифузерите почнува во од утре согласно законските измени, привремената Комисија која се формираше во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе носи заклучоци и препораки дали да се покренат постапки против медиуми кои го прекршиле изборниот законик.