Комисијата за заразни болести ќе дискутира за големата смртност од ковид 19

На денешната закажана Комисија за заразни болести има неколку точки на дневен ред, почнувајќи од тоа каква е епидемолошката состојба во државата потврди за „Фокус“, портпаролот доктор Злате Мехмедовиќ.

„Најпрвин ќе се дискутира за епиделиолошката состојба во државата, каква е моменталната слика, дали има зголемување или намалување на бројот на заразени. Потоа, на дневен ред доаѓа морталитетот за да можеме да видиме што може да се направи за тоа.

Исто така, тема на дискусија ќе бидат протоколите за настава, поточно дали би требало да има некои промени во тој дел, како и за антигенските тестови, како побрзо да се користат и времетраењето на сертификатот за прележаност“, истакна доктор Мехмедовиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e