Кои се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за членови на техничката влада

Две од трите дополнителни заменички места во техничката влада кои ќе припаднат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги пополнат жени политичарки, а истото ќе биде и со техничкиот министер за труд и социјална политика.

На местото на Мила Царовска, како опозициски кандидат доаѓа Рашела Мизрахи, доктор на науки по биохемија на Универзитетот Бар Илан во Израел. Дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде актуелната пратеничка Невенка Стаменковска, која е магистер по Европско право и право на Европска Унија.

На заменичкото место во Министерството за финансии доаѓа Гордана Димитриеска Кочоска, Магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј, лице непознато за јавноста, но блиска соработничка на Христијан Мицкоски. Димитриеска Кочоска била директорка за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога Мицкоски беше генерален директор.

За позицијата дополнителен заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски, кој бил државен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од 2015 година до 2017 година бил и директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Се уште нема информација кој ќе седне на местото на актуелниот министер за внатрешни работи и технички премиер, Оливер Спасовски, откако кандидатот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки е неприфатлив поради тоа што неговото назначување во МВР би било спротивно на Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e