Клиниката за гинекологија наскоро ќе добие брзи ПЦР тестови за ковид-19

Клиниката за гинекологија наскоро ќе добие брзи ПЦР тестови за ковид-19 за да спречат ситуации пациентки да даваат лажни информации, најави директорката на оваа клиника, Викторија Јовановска, во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Пред неколку часа разговарав со министерот за здравство и кажа дека многу брзо треба да ги добиеме. Деновиве би требало. Бидејќи имаме апарат и персонал кој да ги работи и ќе биде олеснета нашата работа зашто ќе немаме потреба да ги примаме пациентките во изолација“,

рече Јовановска.
Со овие тестови тие би знаеле дали некоја пациентка е позитивна на вирусот за 40-тина минути. Во моментов, рече Јовановска, 10 родилки чекаат резултати дали се заразени со ковид-19 или не. Досега на Клиниката се породени 20 пациентки кои го имале вирусот.

Токму случај од оваа клиника беше во фокусот на јавноста изминатиот период кога родилка не кажала дека свекорот има симптоми и дека е заболен од ковид-19. Истата родилка потоа отиде во приватна болница каде се породила, а од државната ѝ исчезна изјавата која ја потпишала дека немала контакт со лице со симптоми или позитивно на ковид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e