Ќе се продолжи интервентната мерка за субвенционирање од 3 денари по килограм за продадено индустриско јаболко

Во вечерашната дебата на телевизија 24, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски обзнани дека ќе се продолжи интервентната мерка за субвенционирање од 3 денари по килограм за продадено индустриско јаболко како што бараа овоштарите.

Се грижиме за секоја земјоделска гранка подеднакво, секоја година носиме дополнителни мерки, да им излеземе во пресрет на земјоделците кога се соочуваат со потешкотии, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e