Ќе има ли големи смени во врвот на судството?

Изборот на претседатели на Врховниот, Кривичниот и Уставниот суд ќе биде под силна лупа на правосудната и пошироката јавност, која бара квалитет и независност, а не партиска лојалност евидентирана во министерски тефтер. – пишува Дојче Веле.

Без никакво образложение, за утре е презакажана седницата на Судскиот совет што беше најавена за вчера, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Одлуката за објавување оглас за избор на претседатели на Врховниот суд на Република Македонија и на Основниот суд Скопје 1. На веб-страницата на Судскиот совет само кусо се известува дека седницата се одложува за петок, 7-ми октомври. На седницата треба да се донесе одлука и за избор на еден судија во Основниот суд Скопје 2 Скопје од редот на кандидатите од Академија за судии и јавни обвинители, и да се разгледаат извештаите за работата на судовите во Република Македонија за второто тромесечие за 2016 година.

Мандатот на Лидија Неделкова, претседателка на Врховниот суд, и на Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1, истекува во декември. Два месеца пред истекот на мандатите, Судскиот совет треба да објави оглас за избор на претседател, кој треба да се заврши до почетокот на декември. Доколку во тој рок не се направи изборот, се поставува вршител на должноста претседател.

Целиот текст прочитајте го тука

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e