Кирацовски: Пријавив до МВР индиции за кривични дела врз администрацијата!

“Денеска лично до министерот за внатрешни работи ја поднесувам документација што ја добив од вработени во администрацијата преку Веб страницата што ја отворив за пријавување злоупотреби во предизборниот период.

Овие документи содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите за партиско-политички цели ја злоупотребиле службената положба со тоа што влијаеле врз вработени во администрацијата да бидат гласачи на партијата на власт, да одат на партиски митинзи, протести, контра протести и слично.

Моја должност е овие информации да ги проследам до надлежните институции, во случајов МВР.

Станува збор за сериозни индиции за сторени кривични дела и очекувам МВР ефикасно да ги процесира.

Администрацијата се охрабри, не дозволува да биде повеќе инструмент на власта.

На овие избори не дозволувам злоупотреба на администрацијата!

На 11 декември мора да има слободни и регуларни избори!”, изјави дополнителниот заменик министер за информатичко општество и јавна администрација, Александар Кирацовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e