Картите се отвараат: Боки13 како дел од смисленото сценарио на ВМРО ДПМНЕ за урнисување на системот и институциите?

Лицето, Бојан Јовановски или Боки 13 кој во моментов е во притвор заедно со Кичеец, за предметот Рекет деновиве е главна тема во Македонија и регионот.
Во снимени разговори заедно со бизнисменот и тајкун Јордан Камчев кој е обвинет во случајот Империја, во кој предмет се прибрани докази дека преку фирмите на Јордан Камчев се переле милионски суми на пари поврзани со офшор компании, истиот Боки 13 договара поткуп за ослободување од кривично гонење на Јордан Камчев.
Во снимките можат да се слушнат двајцата како разговараат многу комотно со меѓусебни називи “Шефе” и “Срце мое”, со што се појавува сомнеж за добро смислена игра каде тајкуните, потпомогнати од ВМРО-ДПМНЕ, како и надворешни анти-ЕУ десничарки медиуми кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ-Никола Груевски и Мицковски, го навеле Боки 13 кого насетиле дека може да биде подложен на манипулации, како механизам за остварување на нивните цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e