Камчева на излегување од судот: Се што имав, кажав

Ана Камчева без никаков коментар си замина од Кривичниот суд, откако сведочеше во случајот „Рекет“.

Таа само кратко рече дека се што имала, кажала на рочиштето и замина.

„Се што имав кажав, се надевам дека помогнав со моето сведочење“, рече Камчева.

Таа се јавува како втор сведок во случајот во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Сведок на минатото рочиште беше бизнисменот Орце Камчев, а треба да сведочи и сметководителката која ги подигнала парите кои како што стои во обвинението, се дадени на обвинетите.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e