Камчева: Боки 13 ги знаеше сите чекори на СЈО

„На една од средбите кога бев во станот на Боки 13, Јанева ми напомена дека доколку овој разговор излезе ќе знае дека е од мене, зашто има доверба во другите. Катица и ми се закани дека има моќ и може многу други случаи да му отвори на мојот маж“.

Ова го изјави сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева денеска во Кривичниот суд, каде сведочи за средбите со Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на кои било договарано како тие може да му помогнат на нејзиниот сопруг за случајот „Империја“.

Одлучила да го пријави случајот, и за тоа му кажала на директорот на УБК Горан Николовски и му рекла дека е жртва на рекет и барала совет.

– Му кажав дека ова е неподносливо за мене и моето семејство. Дека би требало да платиме пет милиони евра ако случајот оди на Врховен суд, а осум милиони евра доколу остане ви СЈО, изјави Камчева.

Кажа дека била изненадена од близината на Боки 13 со Катица Јанева, бидејќи тој точно ги знаел сите чекори што ќе се случуваат, кога нејзиниот сопруг ќе биде спроведен и кои ќе бидат сослушани за „Империја“.

– Ја пушташе и на спикерфон. Сакам да кажам дека никогаш не сум била сама на средба со Боки 13 и дека секогаш на нив присуствуваше и Милевски. Катица на спикерфон даваше насоки, кој да дојде. Јас никогаш не бев во СЈО како бранител затоа што според Јанева ќе сум привлечела големо внимание, изјави Камчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e