Јовановски: „Луј Витон“ чантата јас и Милевски си ја вративме

Јовановски кон Камчев: Што имаше друго во торбата, освен милион евра?

Бојан Јовановски, првообввинет во случајот „Рекет“, на денешното рочиште на сведокот, бизнисменот Орце Камчев, му постави прашање што друго освен, како што рече, непостојните милион евра имало во торбата.

Камчев одговори дека има весници за да се покријат парите.

Јовановски праша: „И што друго? на што Камчев возврати: „Ништо“.

Тогаш Јовановски го праша дали му била вратена торбата „Луј Витон“, на што бизнисменот рече дека нему не му била вратена.

„21 или 22 февруари 2019 година 15 или 17 часот чантата јас и Милевски си ја вративме, а тоа ќе го докаже и вештачењето од безбедносните камери од твојот дом“, посочи Јовановски.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e