Јавното обвинителство отвори случај за новите снимки за „Рекет“

Jавното обвинителство отвори предмет во врска со новообјавените снимки кои во саботата се појавија на Јутјуб. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за „Телма“ изјави дека дека ќе се утврдува кој ја објавил содржината, односно идентитетот на лицето кое ја објавило содржината и ја поставило на социјалните мрежи, идентитетот на лицата кои разговараат и содржината на разговорите.

Обвинителството ја отворило постапката за да утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело.

Дел од домашните медиуми тврдат дека на објавените делови од аудио снимките, се слуша гласот на бизнисменот Орце Камчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e