Јанева зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“.

Во анализата направена од „Призма“ се наведува дека најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

-Поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми, наведува „Призма“. Тој се зголемувал во текот на мандатот од четири години – од 1.600, преку 2.200, па сѐ до 4.000 евра.

Базата покажува оти Јанева првпат ваков додаток за доверливост зела во ноември 2015, и тоа во износ од 248.000 денари, додека втор во февруари 2016, и тоа 70.000 денари. Наредните десетпати зела по 100.000, па еднаш – 40.000 и потоа уште 11 пати по 140.000. Од октомври 2017, па сѐ до јули годинава, Катица Јанева 22 пати зела по 250.000 денари или по 4.000 евра.

Додатокот за доверливост е предвиден со Законот за СЈО, а Јанева со посебна одлука лично го одредувала износот.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e