Изминатиот месец изречени 20.000 санкции за сообраќајни прекршоци

Во засилените акциски контроли од областа на сообраќајот, изминатиов месец во земјава изречени се повеќе од 20.000 санкции за сообраќајни прекршоци,а денеска во Гевгелија,за период од еден час изречени се над 60 санкции за сообраќајни прекршоци главно за нерегистрирани возила,возачи без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, информира денеска портпаролот на МВР,Тони Ангеловски.

Апелираше до граѓаните на Гевгелија и целата држава да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,не за да ги избегнат казните од полицијата,како што истакна,туку за да се воведе ред на улиците и патиштата и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Ангеловски нагласи дека засилените акциски контроли во сообраќајот ќе продолжат и во наредниот период поради што повика заеднички сите да придонесеме за безбедност на нашите улици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e