Изборната кампања ќе донесе нов бран на лажни вести

Новонастанатата политичка ситуација во земјава, пред се застојот во евроинтеграциите и предизборниот период се нов ризик за медиумите.

Експертите од областа предвидуваат дека се заканува нова опасност за слободата на изразувањето и независноста на медиумите во Северна Македонија. По овој повод Здружението на новинари на Македонија минатата недела оствари средба со амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние.

„Се мобилизираат“ и другите инволвирани по ова прашање едногласно делејќи го ставот дека новите медиуми и слободатата на изразување која ја наметнаа тие се плодна почва за говор на омраза, дезинформации, спинови…а во текот на предиизборната кампања ситуацијата се повеќе ќе се влошува. Редовен проблем кај нас е и исполитизираноста на општеството и недостигот на аналитичност и критичност кај публиката.

Политичарите да се спротивстават на медимуте со низок интегритет
„Лажните вести актуелно се глобален проблем, не само кај нас. Секако дека политичките случувања се главни теми и околу овие состојби: не добивањето на датум, француската политика во однос на нас, разните политички прегрупирања, новиот датум за избори, ќе има лажни вести, дезинформации и спинувања.“ – смета професорката Јасна Бачовска Недиќ, која е в.д. раководител на новинарските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Таа смета дека политичките елити треба да покажат поголем степен на општествена одговорност и демократски капацитет во смисла да се оградуваат и да не подржуваат медиуми со низок интегритет, како и континуирано информирање базирано на вистина и одговорност.

Целиот текст прочитајте го на Стандард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e