Италијанското обвинителство отвори истрага за авионската несреќа

Обвинителството од Тревизо, Италија отвори случај за авионската несреќа што се случи во вторникот попладне во атарот на селото Кожле, скопско, во која загинаа шестмина италијански државјани, јавуваат медиумите.

Од авио- клубот во Тревизо, чија сопственост беше малиот авион велат дека ќе биде тешко да се реконструира што точно се случило.

Овој тип авиони не е опремен со црни кутии. Често има и повеќе од една причина за несреќа. Сепак, во областа имаше лоши временски услови, изјавил инструктор од клубот.

Јавното обвинителство на Македонија вчера соопшти дека завршиле со снимањето со дрон на местото на несреќата и дека телата на загинатите се предадени во Институтот за судска медицина, каде ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи.

Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e