Истражување на “НОВА”: Фамозната „Ексико“ доби тендер во Карпош

Најпознатата оф-шор фирма во Македонија, „Ексико ДООЕЛ“ Скопје, доби тендер за изградба на паркинг, партерно уредување и реконструкција на пешачки патеки во Тафталиџе, Карпош. – објави веб порталот Нова.

Тендерот, распишан од општина Карпош е во вредност од околу 200 илјади евра и е доделен на 09-ти август годинава.

Јавната набавка е спроведена со електронска аукција на која се пријавиле две понуди, додека критериумот за доделување е најниската цена.

Фирмата „Ексико ДООЕЛ“ често се среќаваше во новинарските истражувања низ годините. Таа е позната како една од најуспешните во Македонија, а нејзин сопственик според швајцарскиот регистер е извесна фирма „Т&ЈМ Инвестмент СА“. – се вели во истражувањето на Кристина Озимец.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e