ИСТОРИСКО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Буџетот на пензионерите поголем за околу 12.000 денари!

-Договоривме историско зголемување на пензиите! Она што го ветивме, го исполнуваме, порача вечерва премиерот Димитар Ковачевски.
-Со новата методологија, која ќе ги земе предвид 50% од трошоците за живот и 50% од просечната плата, пензиите континуирано ќе растат. На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе е поголем за околу 12.000 денари, порача тој.
Воедно, со пакетот финансиска помош, речиси 330 илјади пензионери ќе добијат по 1000 денари за март, април и мај.
Им благодарам на сите кои што учествуваа во ова историско решение, а на нашите пензионери им посакувам здравје и среќни и радосни денови со новите повисоки пензии, порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e