ИСТОКOT ДОБИВА УШТЕ ЕДНА ЗАВРШЕНА ИНВЕСТИЦИЈА – Системот за наводнување „Славишко Поле“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска присуствувааа на пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“, во Општина Ранковце, организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците од регионот.

301513748_611372230356617_7883995958540497433_n

Премиерот Ковачевски упати благодарност до делегацијата на Европската Унија, со чија финансиска поддршка во вредност од близу 1,8 милиони евра е изграден системот, како дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, во повеќе региони во државата, чија што вкупна вредност е околу 10 милиони евра.

302147731_611372300356610_7395036986298574463_n

– Навистина сум среќен денеска, што токму на овој ден, на овој голем празник- Голема Богородица, мојот ИСТОК добива уште една завршена инвестиција- Системот за наводнување „Славишко Поле“, рече министерот Николовски.

301510968_611371947023312_483766382195817479_n

Тој потенцираше дека е горд на овој успешно реализиран проект, кој за него лично не е само „уште еден проект“, туку е уште едно исполнето ветување, уште една постигната цел.

– Ова е уште една голема придобивка за граѓаните од општина Ранковце, кои со години мака мачеа со наводнувањето. А вредни земјоделци се, некои од нив ги познавам лично, имаат ниви, имаат плодна земја, одгледуваат најразлични култури. Од денес, 500 семејства од селата Псача, Петралица и Гиновци добиваат вода, да можат за три пати да го зголемат производството и никогаш повеќе да не се грижат како да донесат вода на нивите. Тоа е обврска на државата и ние ја исполнивме, додаде Николовски.

301305239_611371890356651_5064527253248112564_n

Министерот појасни дека овој систем е современ, изграден според еколошки стандарди за да штеди вода, да нема загуби и рационално да се користи водата од Крива Река.

– Системот е проектиран да работи под притисок, со што ќе овозможи користење на прскалки или системи за наводнување капка по капка, со што се постигнува  висока ефикасност на наводнувањето. Нема да има загуби на вода што е од исклучително значење заради заштита на животната средина и сѐ поголемите влијанија на климатските промени, рече Николовски.

302179761_611372000356640_2510619676385649288_n

Тој се заблагодари и на изведувачите, на надзорот, на сите работници, инженери… за ентузијазмот со кој сите работеа за да може хидросистемот навремено да се стави во функција.

301807913_611372373689936_3529567041888535030_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e