Истече рокот – Груевски не успеа да состави влада, мора да го врати мандатот

Демократската Унија за Интеграција вечерва не донесе одлука за продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и со тоа измина рокот од 20 дена во кој мандатарот Груевски требаше да го предложи владиниот кабинет пред Собранието на Р.Македонија. Според закон, Никола Груевски треба да го врати мандатот кај претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на половина час пред истекот на рокот даде изјава за медиумите пред седиштето во Мала Речица во која рече дека пред неколку недели започнала сеопфатната дебата за петте предлози кои лидериот на ДУИ, Али Ахмети ги претстави како можни.

„Дебатата беше, конструктивна и добронамерна со цел да се донесе најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може денеска да биде испрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за една од петте опции кои беа ставени на маса“, посочи Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e