Исмајлоска-Старова: Преспанскиот договор е изделен како светло достигнување на државата од сите меѓународни чинители

Не сум љубител на драматични сценарија за историски грешки. Напротив, треба ова да ни биде поттик да ја донесеме Европа дома, за и ние да бидеме Европа. Вака пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Нола Исмајлоска-Старова во интервју за Локално го коментира недобивањето на датум за преговори со Европската Унија.

Како една од осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за Уставните измени, а кои произлегоа од договорот од Преспа, вели дека не и е целосно јасна намерата на постапката колегите од нејзината матична партија да станат од пратеничките клупи за да се види кој опозиционер ќе гласа за промените. Вели, секој живее со своите одлуки, а таа верувала во својата одлука и затоа не се чувствувала сама.

Иако јавно не го соопштува планот кој го имаат со пратеничката група, Исмајлоска-Старова вели дека има уште многу да каже во политиката, без разлика на формата во која ќе продожи да дејствува, вали дека е уверена дека и претстои интересна и исполнета иднина.

Како пратеничката осумка од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе настапи на престојните избори?

Исмајлоска-Старова: Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, беше формирана во еден специфичен период, кога се одвиваше процесот на уставните промени. Си бевме силна поддршка и изградивме принципи со кои настапувавме. Во моментов нашата енергија е насочена кон работните обврски. Го задржуваме конструктивниот пристап кој не прави посебно горди. Имавме амандмани на значајни решенија, прашања и обраќања. Во однос на престојните избори, единствено во што сум убедена е дека ќе настапиме на начинот кој ќе оцениме дека е најдобар за демократизација и подобрување на понудата, но во моемнтов е сѐ уште рано да бидам поконкретна.

Целото интервју прочитајте го на Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e