ИРЛ: Груевски правел таен план за македонски офшор со лондонска фирма која перела пари за Иран

Протечените емаил пораки од лондонската фирма Formation House покажуваат како Груевски планирал офшор зона во Македонија по примерот на Гамбија. Требало да се вика Трејд Парк Македонија. Лажни банки и тајна регистрација на фирми се дел од сценариото дизајнирано од лондонскиот консалтинг чијшто основач беше обвинет дека перел пари за ирански нафтени компании кои биле под санкции на САД и ЕУ, за шведскиот организиран криминал и низа светски измамници. Идејата се рекламирала како одлична за парите на светските криминалци кои сакале да останат надвор од радарот на ЕУ и САД, пишува Истражувачко-репортерската лабораторија.

Овие наоди, како што наведуваат од ИРЛ, доаѓаат од протечените документи од британската консултантска куќа Formation House. Масивниот проток на електронски комуникации и документи им беше даден на новинари од целиот свет кои по месеци работа, од денеска низ светот почнуваат да ги објавуваат своите приказни колективно и во стилот на Панама Пејперс  под називот #29 Leaks. Името 29 е асоцијација од 29 Харли Стрит, адресата на којашто се наоѓа оваа фирма во богатиот лондонски кварт. Документите им беа дадени на новинарите од страна на таканаречената неформална група активисти The Distributed Denial of Secrets.  Тие не открија како ги добиле документите и кој е дошепнувачот, а сите документи ќе ги објават јавно откако новинарите ќе ги завршат своите проверки.

Кога поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски започна да прави забрзани планови за да создаде безданочна финансиска зона, владините критичари, па дури и некои поддржувачи беа вознемирени и зачудени.

 

Целиот текст прочитајте го на ИРЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e