ИПАРД 3 станува уште поатрактивен за инвеститорите, ќе се исплаќа 30% аванс, најави Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто, Љупчо Николовски денеска беше гостин во емисијата за земјоделство, Аграр, на која говореше и за мерките кои се реализираат преку ИПАРД програмата. Николовски рече дека оваа влада и тој како министер во претходниот период се избориле за секоја една апликација за инвестиција, секој еден проект, да го скратат времетраењето за добивање на Договор со Платежната агенција и наместо за 18 месеци како што беше порано, за само неколку месеци, од три до четири, се доаѓа од повик до склучување на договори и влегување во самата инвестиција.

Николовски кажа и дека со новата ИПАРД 3 програма ќе има огромна олеснителна околност за апликантите во однос  на финансирањето, кое што наместо како што беше досега се исплаќаше по завршување на инвестицијата, ќе се исплаќа и пред започнувањето на циклусот и на тој начин договорните страни ќе имаат средства за да ја започнат инвестицијата..

-Новината е во тоа што, а впрочем тоа го бараа и сите апликанти, е што доколку аплицирате за некоја од мерките, платежната агенција ќе исплаќа предфинансирање (аванс) од 30% до 50% од вредноста на инвестицијата што е голема олеснителна околност за да не се оди по банки, да не се задолжуваат апликантите и слично и да имаат средства за веднаш да можат да влезат со инвестирање, потенцираше Николовски.

Министерот најави дека се очекува новиот буџет од новата програма да биде за 60% со поголема вредност од претходната ИПАРД 2 програма и дека првиот повик ќе биде во последниот квартал од годината во износ од 35 милиони евра за сите 3 мерки кои како држава ги имаме акредитирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e