ИО на СДСМ му предлага на ЦО тематски конгрес за широк фронт против режимот на Груевски

Извршниот одбор на СДСМ на попладневниот состанок одлучи на Централниот одбор да му ги предложи кандидатите за министри и дополнителните заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори, известуваат од СДСМ.

„Воедно, Извршниот одбор донесе одлука да му предложи на Централниот одбор одржување тематски конгрес на партијата за отворање на простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, професионални и демократски институции што ќе работат во интерес на граѓаните, правично општество, економска и социјална стабилност на граѓаните и државата, независно судство, објективни медиуми…“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e