Иницијативен одбор: Мицкоски да си замине пред да добие уште еден пораз

Од Иницијативниот одбор за свикување конгрес на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од лидерот Христијан Мицкоски откако вчера Собранието со 62 гласа на барање на премиерот Зоран Заев изгласа доверба на Владата.

Пд одборот кој патем има и закажано и вонреден конгрес за 28 март,го обвинуваат Мицкоски дека лажел оти има обезбедено парламентарно мнозинство и свесно ширел еуфорија, додека пак, велат од таму, кружат информации дека власта има и поддршка од некои пратеници од опозицијата.

„Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сè уште актуелниот претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев. Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш. СДСМ покажа дека нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба. Партијата вчера беше посрамена. Нема член на ВМРО-ДПМНЕ кој не се почувствува излажан, изманипулиран, потценет“, велат од Иницијативниот одбор.

Иницијаторите бараат Мицкоски да си замине пред да добие уште еден изборен пораз и да предизвика дополнителна штета на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски пак синоќа искоментира дека власта го искористила моментот додека претседателот на најголемата опозициска партија е на боледување од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e