Хидросистемот Злетовица станува реалност, Николовски го потпиша последниот анекс од Договорот за грант со ЕИБ

Хидросистемот Злетовица веќе станува реалност, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера заедно со директорот на ЈП ХС Злетовица го потпиша последниот анекс од Договорот за грант со Европската инвестициона Банка.

Со овој анекс се овозможува исплата на последната транша од грантот обезбеден од #ЕИБ во вкупен износ од 1.000.000 евра, средства кои беа искористени за ангажирање на консултант за изработка на потребната техничка документација за изградба на идните фази, истакна Николовски.

„Со воспоставувањето на услови за финансирање и кредитирање на следните фази, преку ХС Злетовица се отвора патот за реализација на систем за наводнување на околу 3500 хектари земјоделски површини, како и инвестиции во енергетиката.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e