Хидробиолошкиот завод потврди – рибите кои касаа рибари во Дојран се пирани!

Рибите кои рибари во Дојран ги извадиле од езерото биле пирани, потврди анализата на охридскиот хидробиолошки завод. Според информациите, се работи за аквариумски вид на пирани кои најверојатно некој ги пуштил во езерото, објави Прес24

Вчера „Слободен печат“ објави дека повеќе рибари кои ловат во Дојранското Езеро велат дека биле каснати од непозната риба, за која се уверени дека е озлогласената пирана, опасна риба која живее во јужноамериканските реки.

Рибарите се во паника, а според нив на еден нивен колега дури и му бил откинат прстот. За друг пак, тврдат дека бил каснат од пирана на раката, кога сакал да ја отплетка невообичаената риба од рибарската мрежа.

Според изгледот и силината на забите, велат рибарите, најверојатно станува збор за пирана. Рибарите меѓу себе споделуваат фотографија од примерок кој наводно е уловен во Дојранското Езеро.

Извор: Либертас(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e