Хеликоптер на МВР се преврте кај Петровец

Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.

Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при полетување. Во него биле пет лица.

Според првичните информации едно лице се здобило со лесни телесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e