Хан: Иванов да го признае парламентарното мнозинство дури и ако тоа не му се допаѓа

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан преку Твитер реагираше на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, дека нема да го даде мандатот на Зоран Заев.

“Во однос на последните случувања во Македонија – сите лидери, вкучувајќи го и претседателот, мора да го почитуваат исходот од неодамнешнтие избори. Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено дури и ако тоа не му се допаѓа. Оттука, очекувам сите лидери и институции, во интерес на граѓаните да дозволат да течат демократските процеси”, порача Хан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e