Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија ова лето

Европската комисија ќе препорача почеток на преговорите за членство на Македонија и Албанија, најави европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, во интервју за германскиот весник Велт.

-Европската комисија наскоро ќе им препорача на земјите-членки, веројатно до летово, да ги почнеме преговорите со Албанија и Македонија. Народите од овие земји заслужуваат конкретна европска перспектива. Ние веруваме дека двете земји имаат направено значајни реформи во минатото и оти се квалификувани за овој чекор, изјави Јоханес Хан, Комесар на ЕУ за проширување и добрососедство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e