Никола Груевски не ферма никого и ништо. Тој продолжува да се однесува како Премиер, а државните функционери го следат во чекор, му презентираат проекти финансирани од Буџет на РМ којшто го полнат сите граѓани, и оние што ја подржуваат политиката на ВМРО ДПМНЕ, но и оние што не ја поддржуваат. И денеска Никола Груевски претседател на ВМРО ДПМНЕ ги разгледуваше просториите на новата катна гаража во близина на МНТ.
Оваа катна гаража чини 4,5 милиони евра, париод Буџет на РМ. На Груевски му реферираше Цветко Грозданов , директор на ЈП за станбен и деловен простор.
,,Задоволен сум што катната гаража Смилевски конгрес наспроти Македонскиот народен театар е веќе завршена,но за жал два и пол месеци чекаат од општина Центар да добијат употребна дозвола и не знам зошто се одоговлекува и дали станува збор за политички или технички мотиви. Се надевам дека општина Центар ќе си ја заврши својата задача зашто илјадници граѓани секојдневно ќе ја користат оваа катна гаража која е во строгиот центар на градот“, изјави Груевски.
Катната гаража се вика Смилевски конгрес.
Извор: Ако.мк