Груевски од судот побара канцеларија и плата

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска од Судскиот совет на скопска единица побара да се донесе формално решение во однос на одбиеното барање и 13 од вкупно 315 снимки да не бидат доказ во постапката „Траекторија“, затоа што веќе се објавени во јавноста.

Тој побара одбраната да добие и копија од прислушуваните разговори. Груевски нагласи дека разбира дека судот работи под политички притисок, но сепак бара да суди според законот и онака како што пишува во него.

Ова го истакна во контекст на приговорот на адвокат на одбраната кој рече дека ЦД со записниците од рочиштата не им се даваат на време односно до три дена и во однос на одбиеното барање судот да отфрли две вештачења бидејќи се изработени од вештаци со истечени лиценци, и од фирма која е странска подружница што било спротивно на македонските закони.

На приговорите на Груевски, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова рече дека тој го читал од својот мобилен телефон предлогот на неговиот адвокат кој судот веќе го одбил. Таа рече дека повеќе нема да се произнесува по предлози и приговори кои се повторуваат и побара од судот да им го одземе зборот на адвокатите ако повторно даваат исти предлози.

Следното рочиште е закажано за 1 март за кога е најавено судот да ги соопшти и одлуките во однос на приговорите и предлозите од двете страни.

На пресот по процесот Груевски на шега рече дека во судот доаѓа толку често што треба да му дадат канцеларија и плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e