Груевски: Не е точно дека прогресивниот данок обезбедува социјална правда

Екс-премиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Будимпешта, каде доби азил од унгарската влада, го пофали враќањето на рамниот данок, кој, според него, е еден од најуспешните проекти во Македонија од независноста до денес, воведен на 1 јануари 2007 година.

„Грешка е што тоа е само на три години бидејќи со таков рок ќе изостанат поголем дел од очекуваните ефекти. Повеќето од оние кои веќе најдоа алтернативни решенија надвор од Македонија нема да брзаат со враќање во Македонија чекајќи го исходот по истекот на овие три години или барем изборите, смената на власта и чекорите на новата власт“, пишува бегалецот Груевски.

„Инвеститорите, особено во некои гранки каде платите се повисоки, како информатичките технологии на пример, исто така ќе останат во неизвесност и секако овој рок ќе го вкалкулираат во своите бизнис одлуки, а тоа ќе оди на штета на Македонија. Не е точно дека прогресивниот данок, особено не моделот на СДСМ, обезбедува социјална правда. За ова може многу аргументи да се напишат, постојат цели студии, но за целта на овој текст само ќе потсетам дека даноците треба да се ниски, рамни и едноставни, а поголемиот профит приватниот сектор и луѓето кои имаат знаење и вештини за високи заработки во најголем дел ќе го искористи за нови проекти и инвестиции што ќе значи и нови работни места. Тоа само по себе е притисок на пазарот на труд за раст на платите, а со тоа и раст на животниот стандард. Така повеќе ќе се помогне на сиромашните и невработените отколку ако државата им земе дел од тие пари на компаниите и го даде во рацете на неспособни и корумпирани министри и бирократи“, вели меѓудругото Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e