Според изјавата на поранешниот премиер и актуелен претседател на Вмро-Дпмне, Никола Груевски, неговата партија го прифаќа предлогот, Санта Аргирова да биде назначена за главен уредник на информативната програма на МРТВ.
Груевски пред новинарите истакна и дека остава на СДСМ, ДУИ и ДПА да се договорат околу петтиот член на ад-хок телото. Кој и да бил изборот тие како партија ќе го поддржале.
На крај лидерот на Вмро-Дпмне кажа дека доколку останатите претседатели на партиите постигнат договор тој ќе се врати да стави потпис на истиот.