Груевски го разбира обвинението за кинеските провизии, но не се чувствува виновен

Обвинетите во предметот „Тракеторија“ на Специјалното јавно обвинителство, се изјаснија дена не се чувствуваат виновени на денешното рочиште во Кривичниот суд. Поранешните владини функционери, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески, вклучувајќи го и нивниот премиер, Никола Груевски, рекоа дека го прочитале и дека го разбрале обвинителниот предлог.

Судот на почетокот на денешното рочиште го одби како неоснован предлогот на Груевски СМС пораките да бидат отфрлени како докази во постапката, бидејќи тие не можат да се ценат во оваа фаза.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година, при изборот на „Синохидро“ како компанија која ќе ги изгради автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, противправно се стекнале со 155.117.256 евра.

СЈО го товари Груевски сторил кривично дело „примање награда за противзаконско влијание“, додека Јанакиески, Пешевски и Георгиевски сториле „злоупотреба на службена должноаст“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e