Груевски го обвини Заев дека судиите ги унапредува само доколку пресудувале по негови нарачки

Екс премиерот во бегство Никола Груевски од Будимпешта се јави со нова објава на Фејсбук каде што посочи на неколку работи. Пред се дека се прекршени роковите во Законот за заштите на приватноста со цел да ги избришат своите компромитирачки материјали. Потоа пишува дека имало тајна понуда на Заев кон Јанева пред околу половина година, и дека не се точни обвинувањата на Шилегов дека во новата зграда на Градот ќе нема место за сите, и затоа истата ќе била продадена.
Меѓу другото, Груевски се правда дека во негово време судиите се унапредувале според квантитативни и квалитативни критеруиуми, како и според закон, а сега само со ветување на премиерот Зоран Заев и тоа доколку судиите пресудувале по негови нарачки.

Но, во 2015 година, токму Заев, објавувајќи десетина „бомби“ ја обвинуваше тогашната власт дека судиите ги бира преку партиски тефтер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e