Груевски: Дескоска да каже барем за една фирма која сум ја преземал со изнуда

Екс премиерот и бегалец од правдата, Никола Груевски по повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21 ја повика да каже барем една фирма која ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин и да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува.

„Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини. Пред две години српскиот политичар Јеремиќ изјави дека сум приватизирал фабрика за оружје во Србија. ОЈО веднаш побрза да објави дека за ова започнуваат истрага. Во овој контекст го повикувам Јовевски по две години откако под негово водство ОЈО објави дека ќе вршеле истрага, да ги објави резултатите од таа истрага. Самата објава дека ќе има истрага за нешто кај многумина создава сомнеж дека нешто се случило. Затоа, коректно е да се објават и резултатите од таа истрага“,пишува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e