На вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд беше најавено дека денеска протестот ќе се одржи пред истражниот затвор во Шуто Оризари каде се притворени осомничените за настаните на 27 април во Собранието.
Протестот како и минатите денови, и денеска го предводеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој претходно објави дека ќе си поднесе оставка од лидерската позиција. Запрашан од новинарите кога ќе го направи тоа, тој не даде коментар.
Поранешниот премиер е обвинет од страна на СЈО во неколку случаи и постои веројатност тој да се најде внатре во истражниот затвор.