Груби: Треба да има одговорност за сите тие што згрешиле по законот

Статутарни промени и програмски документи ќе имаат интегративците по четвртиот конгрес на 21 декември, за кои и денес се разговораше и на седница на централното претседателство на ДУИ во седиштето во Мала Речица. Според раководството, согласно статутот ќе има нови три партиски тела.

„Станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи постојани за избор во сите органи на партијата. Предвидено е да има и постојан конгрес кој ќе го претставуваат една третина од членовите делегирани од ограноци кои ќе работат до секој нов конгрес и по конгресот за да биде долговечноста на ДУИ“, изјави Артан Груби, дел од раководството на ДУИ и пратеник во Собранието.

Сите овие документи ќе бидат дадени на ограноците, но и поширока експертска јавноста со цел да се добијат мислења, а по информациите, ќе се дебатира во партијата. На новинарско прашање за ветингот и политичката одговорност, Груби посочи дека ДУИ има идеја за двостепено спроведување со соодветен закон.

„Ветингот е најдобро можно решение, ДУИ како пионер на оваа тема за правда и правдина смета дека е неопходен закон. Првостепен  ветинг е со цел да се провери интегритетот на лице со јавна функција, па доколку се утврди дека нешто не е во ред тогаш второстепен ветинг, да нема лов на вештерки туку да знаеме што правиме и што сакаме да постигнеме“, нагласи тој.

Прашан кој е ставот на ДУИ во однос на автенитчното толкување на член 11 од Законот за помилување Груби рече, дека воопшто не било разговарано околу тоа прашање.

„Останува тоа прашање да се дебатира во Собранието како и во Уставен суд. Лично сметам дека е дојдено време политиката што помалку да се меша во судството и судството што помалку да се меша во политиката и сите да си ја вршат својата работа согласно Уставот и согласно законот. Сметам дека треба да има одговорност за сите тие што згрешиле по законот“, рече Груби и додаде дека во Собранието секако дека ќе се разговара, ќе се дебатира и на крајот ќе се гласа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e