Груби: ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно

По седницата на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ),  Артан Груби го пренесе ставот на партијата дека ќе одат самостојно на изборите на 12 април, а ѝпорача на опозицијата во албанскиот политички блок да се обедини.

– ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно, без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии. Напротив, ги повкуваме албнските партии во опозицијата да се соединат, да не изгубат Албанците гласови и потенцијал од пратеници во Собранието во нашата државата. Се надеваме дека ќе успеат да се обединат, за да не изгубат Албанците. Во секој случај, тука е ДУИ која ќе ги добие изборите и сметам дека ќе ги претставуваме така како што сме ги претставувале Албанците во изминатите 17 години, на најдостоинствен начин, рече Груби.

 

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e