ГРАНТ ОД 10.000 ЕВРА ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА И МЕХАНИЗАЦИЈА Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициона програма

Вечерва во Дневникот на Сител ТВ, гостин беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот Николовски информираше дека Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициона програма, со која се помага развојот и модернизацијата на домашното земјоделство, развојот и подобрувањето на условите за живот во селата.
– Новитет во оваа програма е што токму вистинските земјоделци, преку новата мерка за поддршка на бизнис план, добиваат можност со јавен повик кој започнува на 15 март годинава и ќе биде отворен преку целата година, да добијат грант до 10.000 евра за набавка на опрема и механизација, давајќи им можност да аплицираат тогаш кога тие ќе бидат подготвени, посочи Николовски.
Целото интервју погледнете го на видеото подолу:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e