Граѓански марш на 11-ти октомври

Повеќе невладини и граѓански организации се вклучени во организацијата на големиот протестен марш што треба да се одржи за неколку дена. Дел од граѓанскиот сектор за порталот aktuelno.mk ја потврдуваат веста и додаваат дека голем е интересот на граѓаните и активисти за општонароден протест, на кој уште еднаш ќе и се каже НЕ на оваа влада. Протестниот марш ќе биде поддржан и од СДСМ, кои и претходните вакви протести , големиот митинг на 17 – ти мај минатата година, протестите на Шарена револуиција ги подржуваше, а тоа често го правеше со присуство на лидерот на партија на протестните собири.

Најверојатно утре, или деновиве од организаторите ќе бидат објавени деталите за протестниот марш што ќе се одржи на 11 – ти октомври.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e