Град Скопје испрати помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија

Екипа составена од четири пожарникари со едно возило меѓу кои и командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, како и две лица кои ќе вршат снимање со термален дрон и термални камери со цел да може да се откријат евентуално преживеани во рушевините, испрати Град Скопје како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Покррај тоа, Градот испрати и беспилотно летало кое ќе врши 3Д мапирање на теренот за да им помогне на спасувачките служби кои се на теренот во најпогодениот град Драч.

-Денеска во раните утрински часови контактирав со градоначалникот на збратимениот град Тирана со кој сме дорби пријатели со цел да ја понудам помошта која Град Скопје. Екипите се подготвени да заминат. Очекувам денеска во раните вечерни часови да пристигнат на погоденото место и да се стават на располагање на службите во Драч, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Во одговор на прашање посочи дека за утре е закажана седница на Советот на која ќе се донесеодлука за испраќање дополнителна помош.

-Утре имавме закажано редовна седница на Советот на Град Скопје. Утрово комуницирав со координаторите на советничките групи во Градот и ќе имаме вонредна точка на седницата на Советот за доделување парична или материјална помош. Во зависност од тоа што ќе биде побарано од нас, таква одлука утре ќе донесе Советот по што ќе почнеме со испраќање на помошта за настраданите луѓе во земјотресот во Албанија, рече Шилегов пред почетокот на втората презентација на ревидираната Студија за валоризација на Водно восалата на Советот на Градот.

Тој посочи дека останатите екипи на Градот се подготвени за, како што рече, ситуација која никој од нас не ја посакува, ниту ја пожелува, и дај Боже никогаш да нема потреба да ги активираме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e