Град Скопје: Чистењето со багер на Вардар е единствен начин да се извршува толкав обем на работа

Багерот кој денеска ја чистеше реката Вардар во центарот на Скопје работи согласно годишната Програма за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на градот, велат од Град Скопје за Стандард.

Од таму додаваат дека во рамките на оваа програма, рачно се чисти нискостеблестата вегетација од косините и од кејот на Вардар, а со багери се чисти коритото.

„Дополнително, секојдневно екипите на јавните претпријатија работат на косење на тревата и собирање на сметот долж кејот на Вардар. Користењето на механизација се врши со години наназад бидејќи тоа е единствениот начин на којшто може да се извршуваат толкав обем на работи. Во моментов, со издаден налог на Град Скопје, со багери на ЈП „Улици и патишта“ се чисти коритото на две локации – во близина на Камениот мост и во Керамидница. По завршување на работите се отстрануваат сите насипи и се враќа коритото во првобитна состојба“, велат за Стандард од Град Скопје.

Фото: Стандард.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e