Го удрил автомобилот на Мила Царовска пијан и со забрана за управување возило

Синоќа кај Ред Кафе во скопската општина Аеродром се случила сообраќајка во која била погодена претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, јавува Либертас.

Високи извори од МВР за Либертас велат дека автомобилот на Царовска бил удрен од позади од друг автомобил кој бил управуван од лице кое имало забрана за управување со моторно возило поради претходни сообраќајки. Му бил направен и алкотест и било констатирано дека е под дејство на алкохол.

Според неофицијални информации, тој откако ја направил сообраќајката излегол од возилото и почнал да вика и да се расправа, кревајќи тензија.

Се очекува официјална информација од МВР за сообраќајката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e